381
Политичката криза во Македонија треба да биде решена по демократски пат, порача бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој денеска во Софија се состана со опозицискиот лидер во Македонија Зоран Заев.
– Властите и опозицијата треба да најдат дијалог онаков како што бара Европа. Не се мешаме во внатрешните работи на Македонија, но не вознемирува тоа што таму има политичка криза и тоа до нашата граница, кај еден народ кој е најблизок до Бугарија – рече Борисов.
Бугарскиот премиер истакна дека неговата држава е против сите изјави за федерализација на Македонија.