Борисов ни порача да созрееме и да не спориме дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец

by fokus

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска од Брисел упати остра порака кон Македонија и порача дека нашата држава треба да поправи многу нешта за да добие датум за преговори со ЕУ.

-Тие имаат многу нешта да поправат. Да не ме разберете погрешно, но додека се спори дали Гоце Делчев е Бугарин или Македонец – такви ситни приказни за некои херои кои очигледно биле и за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, а нашите најдобри песни се поврзани со нив. И опозицијата постојано да ме прашува што прави комисијата. Нека зреат, рече Борисов

Поврзани новости