396
„Нема да бидам кандидат за премиер“ изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по консултациите со претседателот на Бугарија, Румен Радев.
„Половина од пратеничката група на ГЕРБ-СДС се министри и многу брзо може да се направи предлог владин кабинет“ рече Борисов.
ГЕРБ-СДС имаат опција и за експертски и за партиски владин кабинет.
„Убеден сум дека најдоброто нешто за Бугарија е коалиција меѓу двете најголеми политички сили ГЕРБ-СДС, од една, и „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, од друга страна“ рече тој.
Борисов по средбата со Радев истакна дека „секој кој ја сака државата, мора да направи компромис“.
„Омразата што ја видов во парламентот меѓу другите партии ме потсетува на она што беше против нас пред две години“ подвлече Борисов.