Борисов му порача на Заев два пати да мисли пред да рече бидејќи доаѓа време за ЕУ

by fokus

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, по речиси една недела одговори на прозивките во својата земја во врска со изјавата на Зоран Заев дадена на 4-ти месецов дека Илинденското востание е македонско. Борисов порачува дека треба два пати да мисли пред да рече нешто, бидејќи, како што вели тој, доаѓа време кога земјите членки на ЕУ ќе одлучуваат за судбината на Македонија.

-Ги оставам сите да ги премеруваат своите приказни, тоа е на негова сметка. Без разлика дали го кажал тоа намерно или ненамерно, се оди на негова сметка, бидејќи кога станува збор за ЕУ и ние мораме исто така да дадеме согласност, а ние  во тие моменти ќе се сетиме на тие работи. Мој совет е да се биде повнимателен – рече Борисов.

Претходно лидерот на социјалистите во Бугарија, Корнелија Нинова, го критикуваше Заев и го повикуваше Борисов да реагира за изјавата.

„Моето лично пријателство со Заев, идеите што ги споделуваме и заедничката работа помеѓу БСП и СДСМ, заедничката иднина на двете земји како дел од ЕУ и НАТО се многу важни и ги негуваме овие цели, но историските факти се друго нешто и не смеат да бидат игнорирани и занемарени“, порача таа.

 

Поврзани новости