380
Во рамки на одбележувањето на 75. години од Холокаустот на македонските Евреи, в понеделник во Скопје ќе присуствува и бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Како што соопшти владината прес-служба, македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот бугарски колега Борисов ќе положат цвеќе на споменикот на 7.144 македонски Евреи, по што се најавени нивни обраќања, како и на претседателката на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо Николиќ. По маршот делегациите ќе се упатат кон Собранието на Република Македонија каде е предвидено одржување комеморативна седница.
Бојко Борисов е првиот бугарски премиер кој ќе учествува на одбележување на годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија.