Борисов: Ќе беше предавство по средбата од 120 секунди со Заев и Димитров, јас со фанфари да го пречекам Иванов

by Fokus

Ќе беше предавство доколку по она за што прочитав вчера, по средбата од 120 секунди меѓу премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и претседателот Ѓорѓе Иванов, него денеска да го пречекам со фанфари и почести, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов одговарајќи на новинарски прашања, откако претходно ја откажа средбата со македонскиот шеф на државата.

– Кон претседателот Ѓорге Иванов секогаш сум се однесувал со огромна почит. Претседателот Иванов одлично знае дека единственото што го посакуваме за Македонија е европска интеграција, влегување во ЕУ и НАТО, просперитет и поврзаност – рече Борисов.

 

Поврзани новости