Бугарскиот премиер Бојко Борисов на лидерската средба на Самитот ЕУ-Западен Балкан одржана во Загреб порача дека Бугарија цврсто ја поддржува Македонија во интеграцијата во ЕУ, но, истакна тој, исто толку цврсто стои на ставот дека нема отстапување од Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете држави.
-Ние први ги поддржавме за НАТО. Што да им кажам, на крајот дека сме Македонци? Ние ги сакаме, ги почитуваме и би им дал најбратски совет да не си поставуваат самите невозможни услови. Ние цврсто ги поддржуваме, но исто толку цврсто држиме до историјата и многу јасно тоа сме го запишале во Договорот – вели Борисов.
Тој додаде дека особено го погодиле изјавите дека Бугарија била фашистичка држава и дека не ги спасила Македонците, туку само бугарските Евреи.