Борисов: Изборите ќе ги паметиме по жената што го изеде гласачкото ливче

by Fokus

Слабата излезност покажа тотален неуспех на оваа власт да одржи избори, фингерпринтовите не функционираа, вели  лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов по податоците од излезните анкети.

-Ако забележите, се повтори сценариото од претходните избори, сите социолошки агенции му дадоа водство на ГЕРБ, во последен момент ова водство почна да згаснува. Претходно за ИТН, сега за „Продолжуваме со промената. Ќе влезе во светската историја како постара жена ја брка полицијата и таа го јаде гласачкото ливче. Тие до таму го доведоа бугарскиот народ, додаде Борисов.

„Промената продолжува“ на Кирил Петков и Асен Василев, кои беа министри во преодната влада на Бугарија, освои најмногу гласови на денеска одржаните парламентарни избори со 25,7 отсто од гласови, покажуваат податоците од излезната анкета на Галуп интернешнл Балкан во 19 часот.

Според резултатите на второ место по освоените гласови ГЕРБ-УДФ со 23,5 проценти, а на трето е БСП – 14,5 отсто.

Во новото 47. Народно собрание на Бугарија се и МРФ со 10,2 проценти од гласовите, Има таков народ на Слави Трифонов со осум отсто, Демократска Бугарија со 6,9 проценти.

Скоро четири отсто на граница за влез во новиот бугарски Парламент е популистичката и проруска партија Преродба на Костадин Костадинов освои 4,2 отсто од гласовите. Според овие податоци, коалицијата на Маја Манолова ИБГНИ останува надвор од Народното собрание со 2,2 отсто, а ВМРО на Карасимир Каракачанов има 1,2 проценти.

Излезноста, според Галуп, е 35,5 отсто, а 1,8 отсто од граѓаните ја искористиле опцијата во електронските ливчиња – „Јас никого не поддржувам”.

 

Поврзани новости