Борисов: Имаме добро партнерство со Русија, но шпионажата мора да престане

by Фокус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денес ја повика Москва повеќе да не ја шпиунира Софија.

Уште еднаш, тие треба да се прогласат за непосакувани руски дипломати и со вчерашната операција повторно им се обраќам на нивните водачи – да престанат да шпионираат во Бугарија. Дружбата е дружба – рече Борисов.

Притоа, Борисов коментирал дека Бугарија има добро партнерство со Русија во повеќе области, но, како што истакнал, оваа активност на шпионажа мора да престане.

Воедно, тој им честиташе на Јавното обвинителство и на службите за сработеното и изрази изненаденост од големиот „молк“ на другите институции во Бугарија, имајќи предвид дека претседателот Румен Радев сè уште не го коментирал случајот.

Државното обвинителство во Бугарија соопшти дека криминалната група за шпионажа во корист на Русија била раководена од поранешниот шеф на бугарското воено разузнавање, кој во 1970-тите дипломирал на училиштето ГРУ во поранешниот Советски сојуз.

Тој регрутирал лица кои имале пристап до класифицирани информации важни за Бугарија, ЕУ и НАТО.

Поврзани новости