426
Пред Музејот на Град Скопје утрово тргна поворката симболично наречена Марш на живите, во спомен на депортираните македонски Евреи пред 75 години.
Учесниците на маршот се движат кон зградата на Тутунскиот комбинат (поранешен Монопол) на чествувањето пред споменикот на 7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип, кои во март 1943 биле собрани на тоа место и до крајот на месецот во три депортации со вагони однесени во логорот на смртта Треблинка.
Во поворката учествува и делегација од Владата предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.
Делегациите денес ќе ја проследат и пленарната седница во Собранието посветена на депортацијата на Евреите во логорот Треблинка. Борисов е првиот бугарски премиер што ќе учествува на одбележување на годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија.