405
Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов имале телефонски разговор по ратификацијата на Договорот за добрососедство во кој се согласиле дека ова е гарант за добри односи.
-Во телефонскиот разговор Борисов и Заев беа едногласни дека Договорот гарантира долгорочно градење пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија и е стабилна основа за соработка во регионот, врз база на европските вредности, пишува во соопштението од кабинетот на Борисов.
Заев му посакал успех на Борисов во претставувањето на приоритетите на Бугарското претседателство со ЕУ, утре во Стразбур.