Борисов и официјално освои над 25% од гласовите

by fokus

Со обработени 99,40 отсто од гласачките ливчиња, најмногу гласови на изборите во Бугарија доби коалицијата ГЕРБ-СДС со 25,37 отсто (632.097 гласови). Ова го покажуваат податоците на Централната изборна комисија објавени утрово, јави БТА.

Според нив, во парламентот влегуваат седум политички формации. Коалицијата „Продолжуваме со промените“ е на второто место со 20,21 отсто (503.549 гласови).

На трето место е „Движење за права и слободи – ДПС“ со 13,66 отсто (340.211 гласови).

По нив следува партијата „Преродба“ со 10,17 отсто (253.321 глас), а по неа е „БСП за Бугарија“ со 9,32 отсто (232.101 глас). „Демократска Бугарија – обединување“ има 7,46 проценти (185.753 гласа) и „Бугарски подем“ – 4,64 проценти (115.588 гласови). „Има таков народ“ доби поддршка од 3,83 отсто од гласачите (95.505 гласа).

Опцијата – Не поддржувам никого ја одбрале – 87.378 гласачи.

Поврзани новости