Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов ги повика неговите поддржувачи во вториот круг да гласаат за Вања Глигорова, кандидатка на популистичката левица, комунистите и русофилските партии.
Тој ги повика неговите поддржувачи да гласаат против кандидатот на неговиот партнер во владината коалиција, Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија.
Резултатите од изборите во Софија се голем пораз за ГЕРБ и Борисов, бидејќи нивниот кандидат Антон Хекимјан заврши на трето место и не влезе во вториот круг.
„Како што рече Антон Хекимјан (кандидатот на ГЕРБ – н.з.), државната сопственост е подобра од државната безбедност“, рече Борисов од Пловдив, каде првпат го коментираше првиот круг од локалните избори што заврши пред два дена.
Борисов ги повика луѓето да гласаат според својата совест, бидејќи нема заедничко решение со ПП-ДБ. Борисов рече дека ако ГЕРБ и ПП-ДБ меѓусебно се поддржуваа, ќе имаа градоначалници насекаде и тоа ќе донесеше стабилност.
Борисов и неговата партија ГЕРБ, кои се претставуваат како евроатлантисти, ја поддржаа политичката кауза претставена од познатата синдикалистка Вања Григорова, зад која стојат група левичарски популистички и русофилски партии.
Според официјалната регистрација во ЦИК, кандидатурата на Григорова е поддржана од локалната коалиција „БСП за Бугарија“ (коалиција БСП за Бугарија, Левицата, „Неутрална Бугарија“, Граѓанска алтернатива и Атака).
На овие избори коалицијата „Неутрална Бугарија“ е составена од: Комунистичката партија на Бугарија, Бугарската комунистичка партија, Партијата на бугарските комунисти, Новата сила и Русофилите за преродба на татковината. На чело е Николај Малинов, кој е награден од рускиот претседател Путин и санкциониран од САД според глобалниот закон Магнитски. Тој е обвинет за шпионажа за Русија.
Иако Борисов изјави дека не бил загрижен што неговиот кандидат не влезе во вториот круг, тоа е неочекуван удар за него, како што јавуваат бугарските медиуми. Неговото предвидување беше, всушност, дека до неодамна шефот за вести на телевизијата бТВ ќе победи во првиот круг. Во истата изјава од 26 септември, Борисов рече: „Јасно и прецизно ѝ дадов инструкции на партијата – во вториот круг ја поддржуваме ПП-ДБ. Затоа што тие се наши некоалициски партнери“.