531
Бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на Светскиот економски форум во Давос рече дека потребно е Европската унија да ја исправи неправдата нанесена на Западниот Балкан и да ги интегрира балканските земји.
-Државите од Западниот Балкан прават се што е потребно и се што е во рамките на нивните сили да одговорат на очекувањата од нив, а ние, нивните соседи, исто така треба да направиме се што можеме за да ја забрзаме нивната интеграција, рече Борисов.
Тој додаде дека сега, пред приемот на балканските земји во НАТО и ЕУ, е најпогодниот момент за изградба на нова транспортна, енергетска и еко-инфраструктура во регионот.