Премиерот Зоран Заев утрово Во Бугарија прв го пречека поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, кој му порача дека претседателот Румен Радев и другите луѓе со кои ќе се сретне денеска ќе му кажат дека не можат ништо да направат без парламент, но тоа не е точно, само ќе избегаат од одговорност.
„Ќе имате многу средби денеска. Јас сум убеден, бидејќи ги познавам луѓето со кои ќе се сретнете денеска, особено за Радев, дека ќе ви кажат дека без парламент не можат ништо да направат. Ќе ја префрлат пак одговорноста, како за набавката на воени авиони, кон парламентот. Сегашната техничка влада ги има сите права и може да преговара со вас. Нов договор, ако нашиот не им се допаѓа. Но, ќе избегаат од одговорност како што секогаш прават. Истовремено ги лажат евроатлантските партнери, дека се за членство на Северна Македонија во ЕУ“, кажа Борисoв за време на средбата со Заев.
Заев денеска ќе се сретне и со бугарскиот претседател Румен Радев и со техничкиот премиер Стефан Јанев, во обид да се најде решение Македонија да добие зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ следната недела.