Борисов демантира дека ќе се кандидира за претседател на Бугарија

by Fokus

Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, денеска на својот профил на Фејсбук соопшти дека нема да се кандидира за претседател на земјата, пренесе дописникот на МИА од Софија.

Претходно денеска, при отпуштањето од болница, каде беше опериран по спортска повреда на коленото, Борисов предизвика паника кај своите политички противници во Бугарија, изјавувајќи дека доколку самиот стигне до канцеларијата ќе се кандидира за претседател.

„Не, јас нема да се кандидирам за претседател! Ако го остават Радев да се бори на политичката сцена место нив, ние сме подготвени да бидеме категорични опоненти на овој кабинет на задкулисието и да се сретнеме на новите избори, кога и да се тие!”, напиша Борисов на Фејсбук.

Поврзани новости