Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија

by Fokus

Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, посака успех во финализирањето на францускиот предлог за решавање на спорните прашања меѓу Бугарија и Република Македонија и кревање на блокадата од официјална Софија за европскиот пат на нашата земја.

Борисов најави дека прашањето за РС Македонија го разгледувала Извршната комисија на ГЕРБ.

„На темата РС Македонија, навистина им посакувам успех на колегите во Софија да ја финализираат, за да можеме да кажеме дека француското претседателство направи многу и да биде успешно како што заслужува“, рекол тој на утринската прес-конференција на партијата, јавуваат бугарските медиуми.

Поврзани новости