Борисов: Бугарското малцинство мора да биде впишано во Уставот

by Fokus

За да има наша поддршка за Република Северна Македонија, бугарското малцинство мора да биде внесено во Уставот на С. Македонија, рече поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, на денешната средба со претставници на бугарските организации во Македонија.

„Северна Македонија нема поблизок пријател од Бугарија. Треба да најдеме начин да ги поправиме нашите односи. Целиот демократски свет ѝ се смее на нашата лоша дипломатија. За нас е важно Северна Македонија да влезе во ЕУ“, додаде тој.

Претставниците на бугарските организации побараа од Борисов да се решат прашањата за човековите права и велат дека имаат право да бидат бугарофили, но нагласуваат дека во Македонија се третирани како да не постојат.

Поврзани новости