Во интерес на Бугарија е Македонија да биде стабилна, единствена, независна држава со јасна евроатлантска перспектива, која поминува низ зближувањето на двете земји и откажувањето од антибугарската реторика, што се случуваше последните неколку децении, истакнува бугарскиот премиер Бојко Борисов, како во одговор на писмо на претседателот на опозициската Бугарска социјалистичка партија, Корнелија Нинова за договорот за пријателство, соработка и добрососедство со Македонија.
Борисов, меѓу другото, истакна дека преговорите со Македонија за склучување на договорот за пријателство, соработка и добрососедство се водат интензивно од 2008 година и оти до овој момент, според него, се реализирани 11 круга на преговори на експертско ниво, а повеќе пати договорот бил разгледуван и на ниво на министри за надворешни работи, односно премиери.
„Во сите тие години, независно од политичката припадност на владата, која ги водела преговорите, бугарската страна во континуитет опстојувала на едни и исти позиции во бугарски интерес“, вели Борисов.