0
Апсолутна провокација е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во врска со внесувањето на Бугарите во македонскиот устав, оценува лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.
Претседателот на партијата која има најмногу места во бугарскиот парламент и е стожерот на новата политичка влада во Софија, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Мицкоски, како провокација или тест за новата влада во Бугарија, кусо рече:
„Апсолутна провокација и едноставно не треба да ѝ се обрнува внимание. Министерството за надворешни работи (на Бугарија) реагираше добро, така што – тие тоа можат“, изјави Борисов.