873
Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова по владината седница информираше дека Бугарија е подготвена да пружи рака за започнување на конструктивен дијалог со Република Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.
Бориславова увери дека бугарската позиција ќе продолжи добро да се брани и аргументира, а постојната рамка ќе се надградува со формирање на пет работни групи кои ќе разговараат на конкретни теми.
Таа посочи и дека подготовката и организацијата на овој процес е причина за посетата на Скопје на советничката за надворешна политика на премиерот Петков, Весела Чернева на 2 јануари.
Бугарската Влада денеска на редовната седница разреши девет регионални управители.