Хрватскиот музичар Борис Новковиќ (56) доаѓа со својот бенд во Скопје, да се дружи со македонската публика.
Тој го најави својот концерт во Македонска филхармонија на 17-ти мај, со зборовите дека прекрасната концертна сала во Скопје ќе го угости него и неговиот бенд, и дека необично се радува на средбата со скопската публика по подолго време.
-Заедно ќе ги пееме моите стари и нови хитови, ќе уживаме во размената на емоции, љубов и вистинска позитивна енергија – напиша Новковиќ.
Инаку, тој е син на Ѓорѓе Новковиќ, кој беше еден од најпознатите хрватски текстописци и музички менаџери. Ја започна кариерата во 1986 година, кога го издаде албумот ,,Куда иду изгубљене дјевојке” и продаде 120.000 примероци од истиот.
Зад себе има 18 студиски албуми, од кои последниот беше објавен во 2014 година.
Познат е и по својот бурен приватен живот, а лани се разведе од својата четврта сопруга, по што хрватските медиуми го нарекоа естраден брачен рекордер.
Вики Клинчарова