460
Британскиот премиер Борис Џонсон закрепнува по мала операција на носот, објави Даунинг стрит.
„Операцијата беше кратка и под општа анестезија“, се додава во соопштението.
Додека Џонсон не се врати на работа во вторник, сите важни одлуки ќе ги носи неговиот заменик Доминик Раб.
Портпаролот на Џонсон изјави дека премиерот во шест часот утринава бил примен во болницата во Лондон на рутинска процедура поради проблеми со синусите.
Раб за ова знаел однапред, а информиран е и секретарот на кабинетот, Сајмон Кејс.