Борис Џонсон се враќа во политиката

by Fokus

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон викендов се враќа во Велика Британија, јави денеска „Дејли телеграф“.

„Тајмс“ објави дека Џонсон, кој е на одмор во странство, се очекува да учествува на изборите за да стане нов лидер на конзервативците на местото на Лиз Трас, која денеска поднесе оставка од премиерската функција.

Политичкиот уредник на Тајмс претходно на Твитер напиша дека Џонсон ги слуша реакциите, но верува дека тоа е прашање од национален интерес.

Резултати од анкета спроведена на почетокот на неделата покажаа дека повеќето членови на Конзервативната партија сакаат поранешниот премиер Борис Џонсон да се врати на позицијата лидер на партијата и да ја замени Лиз Трас на премиерската функција.

Поврзани новости