682
Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс објавија дека нивниот новороден син ќе се вика Вилфред Лори Николас. Симондс појасни дека бебето е крстено во чест на нивните дедовци и двајцата доктори кои го лекуваа британскиот премиер од Ковид-19.
-Не можеме да бидеме посреќни, нашите срца се полни, напиша Симондс на Инстаграм.
Бебето се роди во средата, само два дена по враќањето на Џонсон на премиерската функција, откако се излекува од коронавирусот. Тој излезе од болница на 12 април откако три ноќи помина и на интензивна нега поради влошување на симптомите.
-Средното име Николас е посвета на д-р Ник Прајс и д-р Ник Харт, кои му го спасија животот на Борис минатиот месец, кажа Симондс.