Борис Бекер излезе од затвор

by Fokus

Поранешниот светски рекет број еден Борис Бекер е ослободен од затвор. Оваа информација денес ја објави „PA Media“.

Според изворот, во блиска иднина 55-годишниот германски специјалист ќе биде депортиран од Велика Британија во Германија.

Во април 2022 година, лондонскиот суд го осуди Бекер на две и пол години затвор за банкарска измама. Тој одлежа во затворот Вандсворт во Лондон.

Бекер е шесткратен победник на Грен слем, двократен победник на Дејвис купот и олимписки шампион во двојки во 1992 година.

Од 2017 година работи како експерт на ТВ каналот Еуроспорт. 

Поврзани новости