Србија и Косово се обврзаа на Договорот за патот кон нормализација и неговиот анекс, а Европската унија (ЕУ) очекува и двете да ги почитуваат сите обврски и да почнат да ги спроведуваат што е можно поскоро, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
Тој на својот Твитер профил порача дека мора да избегнат каква било ескалација.
„Во тек е преводот на нивните обврски кон нивните европски патишта“, рече Борел.
Тој додаде дека договорот што го постигнале на средбата на главните преговарачи, одржана во средата, за текстот за прогласување исчезнати лица е првиот чекор.
„Ќе го поддржиме на лидерско ниво на следниот состанок на високо ниво што ќе го свикам“, рече Борел.
Serbia & Kosovo made a commitment on the Agreement on the path to normalisation&its annex. The EU expects both to honour all obligations from it &start implementing asap
The parties must avoid any escalations. Translation of their commitments into their European paths is ongoing
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) April 5, 2023