52
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел најостро го осуди израелскиот напад во Газа, во кој беа убиени над 270 луѓе.
Тој ја нарече ситуацијата „масакр“, а во објава на социјалната мрежа „X“, „најостро“ ги критикуваше извештаите од Газа за уште еден масакр на цивили, пишува Гардијан.
Тој повика на прекин на огнот и ослободување на сите преостанати заложници.
„Крвопролевањето мора веднаш да заврши“, изјави тој.
Телата на 109 Палестинци, од кои 23 се деца, а 11 се жени, се пренесени во болницата Ал Акса, каде се згрижени повеќе од 100 ранети, кажа портпаролот Калил Дегран.