Борел за БНР: Нема пречки за приклучување на Македонија кон ЕУ!

by Fokus

Жосеп Борел – високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ смета дека нема пречки за приклучување на Македонија кон Европската Унија, објавија бугарските медиуми.

„Северна Македонија забвележува добар напредок и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиното приклучување кон ЕУ. При тоа приклучување стриктно ќе бидат почитувани европските принципи и стандарди. За тоа е неопходна добра соработка, а регионалната соработка останува суштински елемент, исто како и стабилизацијата за да може да се спроведе пристапниот процес. Но билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредат процесот на приклучувањето“ – изјавил Борел за БНР.

Ова беше негов одговор на прашањето какви ќе бидат следните чекори на Унијата ако до ноември Македонија не ги вклучи Бугарите во Уставот. Тоа е условот што го постави Софија за да се согласи на Преговарачката рамка за земјава.

Поврзани новости