Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека западните претставници треба да почнат да се подготвуваат за мирно решение на конфликтот во Украина.
Сепак, нагласи тој, Киев треба да учествува во сите можни преговори од позиција на моќ.
„Знам дека треба да почнеме да се подготвуваме за мир, но тоа ќе зависи од рамнотежата на силите на бојното поле. Украина ќе мора да заземе силна позиција кога станува збор за мировните преговори. Да не се залажуваме“, рече Борел во интервју за француски весник „Монд“.
Тој посочи дека утре нема да дојде повоениот период.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Русија е подготвена да ги слушне сите идеи за решавање на ситуацијата во Украина кои ги земаат предвид интересите и грижите на Москва, пренесува ТАСС.