Борел: Создавање независна палестинска држава – најдобра гаранција за безбедноста на Израел

by Fokus

Создавањето независна палестинска држава е најдобриот начин да се гарантира безбедноста на Израел, изјави шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел кој вчера преку видео-конференција разговараше со министрите за надворешни работи на 27-те земји на ЕУ по неговата турнеја на Блискиот Исток на крајот од минатата недела.

„Најдобрата гаранција за безбедноста на Израел е создавањето палестинска држава“, рече Борел.

Рече дека ова е „фундаментален политички заклучок“ од неговите разговори во регионот.

„Израел не треба да го окупира Појасот Газа и контролата над него треба да биде предадена на палестинските власти“, повика Борел.

Тој посочи дека „и покрај огромните предизвици“, неопходно е да се размислува „за стабилизација на Газа и за идната палестинска држава“.

„Краткорочно, во регионот постои „чувство на итност“ поради очајната хуманитарна ситуација во Појасот Газа“, рече Борел по турнејата низ голем број арапски земји.

Поврзани новости