Борел со порака до Русите: Путин не е рускиот народ

by Fokus

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел денеска директно на Твитер им се обрати на Русите, нагласувајќи дека „Путин не е рускиот народ“.

-Кремљ не е Русија. Путин не е рускиот народ, напиша Борел.

Тој, исто така, додаде дека речиси 2.000 храбри Руси биле брутално приведени во десетици градови поради учество во мирните антивоени акции против неоправданиот напад врз соседната суверена држава – Украина.

Украинската државна агенција Укринформ објави дека Путин на 24 февруари најави почеток на специјална воена операција во Донбас, што украинскиот претседател Володимир Зеленски до денешното обраќање оцени оваа руска инвазија врз неговата земја е почеток на војната во Европа.

Поврзани новости