Борел со остра порака: Лавров ќе може да чуе и да му пренесе на господарот на Кремљ зошто ја изолираме Русија

by fokus

Вискиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосел Борел на прес-конференцијата со премиерот, Димитар Ковачевски од Скопје каде што се одржува самитот на ОБСЕ испрати остра порака до Русија, која ќе има свој претставници на самитот, кои ќе ги предводи министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

-Вашата одлука да дозволите Лавров да учествува е во согласност со нашата заедничка цел да го одржиме мултилатерализмот жив. Лавров треба повторно да слушне од сите зошто ја осудуваме Русија и зошто ја изолираме. Ова е добра прилика за него за чуе зошто Русија е осудена и изолирана и потоа ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ дека ОБСЕ и ЕУ остануваат обединети во осудувањето на незаконско и агресивното однесување на Русија, изјави Борел.

Поврзани новости