Ситуацијата во Либан од ден на ден се влошува, изјави денеска во Европскиот парламент шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел и посочи дека треба што поскоро да се постигне прекин на огнот во конфликтот што го водат Израел и Хезболах во оваа земја.
Борел изјавил и дека околу 20 отсто од либанското население било принудено да се пресели, пренесува Ројтерс.
Либанската привремена влада денеска објави дека најмалку 1,3 милиони луѓе, што е повеќе од една петтина од вкупното население, ги напуштиле своите домови поради зголемените израелски воздушни напади, пренесува Танјуг.
Во текот на изминатата година, десетици илјади луѓе од јужен Либан и северен Израел веќе беа принудени да избегаат, поради континуираните борби меѓу Израел, Хезболах и другите антиизраелски сили.