285
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска соопшти дека е позитивен на тестот за ковид и дека мора да го одложи своето патување во Кина планирано за 13 април, каде што требаше да го подготви самитот ЕУ – Кина.
„Тестот е позитивен на Ковид-19 и за жал морам да го одложам моето патување во Кина“. Се чувствувам добро и немам никакви симптоми“, напиша Борел на Твитер.
Тој во Кина требаше да се сретне со кинеските министри за надворешни работи и за одбрана.