443
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел се заложи Унијата да спроведе независна истрага за потеклото на коронавирусот, што кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан.
Борел, исто така, ја повика Кина да придонесе во борбата против пандемијата на коронавирусот.
-Неопходна е независна научна истрага за потеклото на оваа пандемија, рече Борел во колумна за германскиот весник „Франкфурт алгемајне цајтунг“.
Тој кажа дека Кина треба да се ангажира во борбата против пандемијата, пронаоѓањето на вакцината и зајакнување на глобалната економија, како и давањето помош на погодените земји во развој.