Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, на вонредната пленарна седница на Европскиот Парламент за Украина порача дека Русија се наоѓа на критичен крстопат, воедно и крај на една ера во нејзините односи со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Илегалната инвазија на Украина од страна на Русија беа најсилно осудени од страна на сите институции на ЕУ денеска на вонредната пленарна седница на Европскиот Парламент.
Шефот на ЕУ дипломатијата порача и дека договорите од Минск, кои по војната од 2014 служеа како основа за преговори помеѓу Москва и Киев, се сега мртви, по вина на рускиот претседател.
-Овој ужасен конфликт може само да доведе до позитивен исход, а тоа е Русија да ги почитува фундаменталните принципи, мораме да ја искористиме оваа прилика за да ставиме на маса повелби со механизми кои ќе ја осигурат безбедноста, рече Жозеп Борел пред европратениците и од нив побара во иднина да гласаат поодлучно во полза на европската одбрана и безбедност.