Унгарскиот премиер Виктор Орбан не доби никаков мандат од Советот на ЕУ да ја посети Москва, а неговиот престој во руската престолнина ќе се одвива исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и Русија, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност – Жозеп Борел.
Тој изјави дека поради ставот на ЕУ за војната во Украина, официјалните контакти меѓу Унијата и претседателот на Русија, Владимир Путин се исклучени и затоа Орбан не ја претставува ЕУ во ниту еден облик, соопшти прес-службата на Европската унија.
Во соопштението се потсетува дека претседателот на Русија, Владимир Путин, е обвинет од Меѓународниот кривичен суд и дека е распишана потерница за негово апсење во врска со присилната депортација на деца од Украина во Русија.