Борел: ОН се парализирани од вето, не носат никакви одлуки

by Fokus

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека Обединети нации се парализирани од наметнувањето на вето и оти не се прифаќаат никакви одлуки.

– Наметнувањето вето ги пролонгира конфликтите и масакрите, истакна Борел пред учесниците на Шумановиот безбедносен форум организиран од Европскиот парламент во Брисел.

На состанокот присуствуваат 500 учесници од 70 земји и организации од целиот свет.

– Ќе се разговара за прашањата за кибер безбедноста, одбраната, антитероризмот и хибридните закани, прецизира Борел.

Тој додаде дека разговорите ќе ги опфатат војните во Украина и Појасот Газа, но истакна дека тоа не се единствените „жешки точки“ во светот денес.

– Политиката на сила се врати. Мора да се обединиме во отфрлањето на нормализацијата на употребата на сила. Сведоци сме на зголемување на случаите на поморски пирати. Светскиот океан и Вселената ќе бидат следните бојни полиња, таму ќе се множат заканите, предупреди Борел

Поврзани новости