Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, кој е во дводневна посета на Украина, објави дека утрото го поминал во засолниште.
Како што изјавил, тој завршил во засолништето поради сирените за воздушен напад што се огласиле низ целиот Киев.
Starting my morning in the shelter as air alarms are sounding across Kyiv.
This is the daily reality of the brave Ukrainian people, since Russia launched its illegal aggression. pic.twitter.com/Q7tZL5evkd
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) February 7, 2024
„Го започнувам утрото во засолниште додека сирените се огласуваат низ целиот Киев. Ова е секојдневната реалност на храбриот украински народ, откако Русија ја започна својата нелегална агресија“, напиша Борељ на платформата Х.
Русија изутрината изврши ракетен напад врз Киев и други украински градови, соопшти украинското воздухопловство, а во главниот град се слушнаа неколку експлозии додека системи за противвоздушна одбрана беа ангажирани во одбивањето на нападот.
Силни експлозии се слушнале во Киев непосредно пред 7:00 часот, изјавиле очевидци за агенцијата Ројтерс.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм објави дека се ангажирани системи за противвоздушна одбрана.
Тој додаде дека делови од главниот град на Украина денеска останале без струја, откако соборена руска ракета ги оштетила далноводите.
Во Киев и остатокот од земјата, воздушните предупредувања се во сила повеќе од два часа, според Ројтерс.
Олех Синехубов, гувернер на Харковската област, во североисточна Украина, рече дека руски проектили погодиле нестанбена инфраструктура во градот Харков, административен центар на регионот.
Претходно беше најавено дека Бореl за време на посетата на Украина ќе оствари средби со претседателот Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал, министерот за надворешни работи Дмитри Кулебa и министерот за одбрана Рустем Умеров.
Како што соопшти вчера прес-службата на Европската унија, тој ќе се обрати и пред пратениците во Врховната Рада.
Високиот претставник и потпретседател Бореl ќе ја посети Советодавната мисија на ЕУ за реформа на цивилниот безбедносен сектор во Украина (ЕУАМ Украина).