581
На патот кон ЕУ нема да го изгубите својот идентитет. Никој не го изгубил. Вам не ви требаат заклучоци за да го знаете тоа, изјави во своето воведно обраќање на меѓувладината конференција во Брисел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеф Борел.
-Вашиот идентитет ќе остане и ќе биде зголемен и надополнет со другите идентитети што не се алтернативни, туку се надополнуваат, рече тој.
Борeл додаде дека секое човечко битите има неколку идентитети кои секогаш се компатибилни и затоа сме тука денес.
-Ни требате. Ни треба Северна Македонија за да го надополни нашиот сложен идентитет, потребни сме си едни на други затоа што зедно сме посилни, изјави Борел.