Борел: Народот на Босна и Херцеговина заслужува зелено светло од лидерите на ЕУ

by Fokus

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска изјави дека зеленото светло на лидерите на ЕУ за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина е „нешто што народот на БиХ го заслужува“.

„ЕУ и Босна и Херцеговина сега можат да започнат трансформативен процес за зајакнување на демократијата на земјата и промовирање на просперитетот. Ќе работиме заедно за да ги браниме мирот и безбедноста во Европа“, напиша Борел на својот профил на социјалната мрежа Х.

Европскиот совет синоќа донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина.

Поврзани новости