Шефот за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека израелскиот напад врз Бејрут во кој загинаа медицински работници е „кршење на меѓународното хуманитарно право“.
„Во текот на ноќта, ИДФ повторно ги нападна здравствените работници во центарот на Бејрут: седум лица беа убиени, вклучително и болничари. Не само што цивилите се жртви на напади, вклучително и оние во густо населените области, туку тие се и лишени од итна помош. Го осудуваме ова прекршување на меѓународното хуманитарно право“, напиша тој.
IDF targeted once again healthcare workers overnight, in central Beirut: 7 people including paramedics were killed.
Not only civilians are victims of attacks, including in densely populated areas, but they are deprived of emergency care.
I condemn this violation of IHL.— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) October 3, 2024
Израелски напад синоќа погоди медицински центар на Исламската здравствена организација поврзана со Хезболах.
Ова беше втор воздушен напад врз центарот на Бејрут оваа недела, при што повеќето претходни напади беа ограничени на јужните предградија.