-Најостро го осудувам страшниот напад на вооружена банда врз припадници на косовската полиција во Бањска на северот на Косово, во кој еден полицаец загина, а двајца други беа повредени. Мора да се утврдат сите факти за нападот. Одговорните мора да се соочат со правдата“, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во врска со актуелната ситуација на Косово.
Како што наведе, во актуелните конфликти во околината на манастирот Бањска се загрозени неколку невини животи.
-Овие напади мора веднаш да престанат. ЕУЛЕКС е на терен и е во близок контакт со своите и со КФОР. ЕУ и нејзините земји-членки постојано ги повикуваат сите актери да работат на деескалација на ситуацијата на северот на Косово, рече Борел.