На средбата меѓу лидерите на Белград и Приштина не беше можно да се решат меѓусебните несогласувања. Ова денеска го изјави шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, и посочи дека косовскиот премиер Курти, не е подготвен да го отпочне процесот кон формирање на Заедницата на српските општини, но инсистирал на де факто признавање на Косово.
По средбата Борел истакна дека патот на двете страни кон ЕУ е преку дијалог и дека формирањето на Заедницата на српските општини е клучен елемент во процесот на нормализирање на односите.
„Без нормализација, нема да има европска иднина ниту за Косово, ниту за Србија“, предупреди Борел.
Тој додаде дека со Курти и Вучиќ се обидел да најде решение за напредок врз основа на предлогот на ЕУ, но дека Курти не е подготвен да постигне напредок и да започне кредибилен процес кон формирањето на ЗСО и де факто инсистирал на признавањето на т.н на Косово, додека Вучиќ го прифати предлогот на ЕУ.
Борел рече дека формирањето на Заедницата на српските општини е клучен елемент во процесот на нормализирање на односите и дека е клучно преговорите за статутот на ЗСО да започнат без натамошно одлагање.
Тој додаде дека на средбата разговарале за кризата на северот на Република Косово и дека се фокусирале на имплементацијата на договорот за патот кон нормализација на односите, кој, нагласи, е клучен за процесот на нормализација.