Борел: Израел не може да има право на вето на самоопределувањето на палестинскиот народ

by Fokus

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека не може да му се дозволи на Израел да го блокира создавањето на палестинска држава.

„Едно е јасно – Израел не може да има право на вето на самоопределувањето на палестинскиот народ“, рече Борел на прес-конференција со неговиот египетски колега Самех Шукри.

Борел посочи дека Обединетите нации многупати го признаваат и го признале правото на самоопределување на палестинскиот народ и затоа никој не може да стави вето, објави „Тајмс оф Израел“.

Коментарите доаѓаат откако Борел вчера претседаваше со разговорите меѓу министрите за надворешни работи на ЕУ и највисоките дипломати од Израел, палестинската управа и клучните арапски држави.

Борел претстави патна карта која вклучува меѓународна конференција за решение со две држави за израелско-палестинското прашање.

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри рече дека постои „меѓународен консензус за неопходноста од решавање на конфликтот врз основа на решение со две држави“.

„Време е да се спроведе и меѓународната заедница има средства, има ресурси, има механизми да го направи тоа“, рече Шукри.

Поврзани новости