Комесарот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, денеска по состаноците одржани во Вашингтон изјави дека испраќањето нова помош за Украина не може да почека бидејќи исходот од војната во Украина ќе се решава оваа пролет и лето.
Поради сомневањата за континуираната американска воена помош за Киев, Борел им рече на новинарите дека неговата порака до американските пратеници е: „Што и да се направи, мора да се направи брзо“.
„Тоа е вистина за нас. Мораме да забрзаме. Мораме да ја зголемиме нашата помош, мораме да направиме повеќе и побрзо. Затоа ги зголемуваме нашите одбранбени способности. А тоа важи и за САД“, рече Борел за Европската помош за украинската војна.
„Следниот месец ќе биде одлучувачки. Многу аналитичари очекуваат голема руска офанзива ова лето, а Украина не може да ги чека резултатите од следните американски избори“, додаде тој.