Претставникот на ЕУ за надворешна политика и безбедносни прашања Жозеп Борел изјави дека и покрај вчерашната итна средба со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти, продолжува ескалацијата на состојбата на Косово и дека таа станува опасна.
„Нема да ја толерираме“, изјави Борел.
„Многу сме вознемирени од ситуацијата на северот на Косово: апсења на Срби, маршот на косовските безбедносни сили во јужна Митровица, проследен со тешка реторика од Србија“, напиша Борел.
Борел вчера изјави дека произволните и незаконски апсења се недозволиви и истакна дека ЕУЛЕКС ќе почне посилно да ја следи ситуацијата.
По одвоените средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Аљбин Курти, тој повика на темелна истрага и проценка на апсењето, како и да се преземат соодветни дејствија потоа.
„Му повторив и на Вучиќ дека тројцата косовски полицајци кои беа уапсени во Србија мора веднаш и безусловно да бидат ослободени“, изјави Борел.
Very alarmed by situation in north of Kosovo: extrajudicial arrests of K-Serbs & Kosovo Security Forces marching in South Mitrovica; followed by heavy rhetoric from Serbia.
Despite yesterday’s crisis meeting, escalation continues & is becoming dangerous. We will not tolerate it.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) June 23, 2023