Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел им се обрати на новинарите по последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина што се одржа денеска во Брисел.
„Вечерва одржавме важен дијалог и сакам да и се заблагодарам на ЕУ, особено на Мирослав Лајчак, за сите напори што ги вложи во овие преговори, да премине од преговори кон имплементација“, рече Борел.
Тој потврди дека е постигнат договор за Декларацијата за исчезнати лица.
„Ова е договор што не треба да се политизира. Многу семејства страдаат долго време и заслужуваат да ја знаат судбината на своите најблиски. Време е да се затвори тоа болно поглавје“, рече Борел.
Тој нагласи дека ова е многу важно поглавје кое е решено по долги преговори.
„Двете страни направија значаен чекор кон формирањето на ЗСО. Тоа беше договорено пред десет години. Денеска конечно беше претставено. Тоа е првиот нацрт, не е конечен“, рече Борел.