Борел: Долго време го отфрлавме палестинското прашање

by Fokus

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел денеска оцени дека меѓународната заедница предолго го отфрла палестинското прашање, како да не постои.

„Премногу се обидовме да го отфрлиме палестинското прашање како да веќе не постои и ќе се реши само по себе. Влегуваме во нова фаза од стогодишната војна меѓу Израел и Палестинците. Ова може да биде многу опасно за глобалниот мир и меѓународната заедница мора да се мобилизира за да се избегне такво сценарио“, рече Борељ на својот блог на веб-страницата на Европската унија.

Тој посочи дека меѓународната заедница не успеала ефективно да го спроведе договорот од Осло, кој постои три децении. Рече дека мирот нема да дојде сам по себе, туку мора да се изгради.

„Најтешките одлуки секогаш се носат на работ од бездната. А ние сме сега таму. Решението за две држави останува единствено одржливо. Мораме да ја вложиме целата своја политичка енергија во постигнувањето на целта“, рече Борел.

Поврзани новости